Новости
Регионален натпревар 2021
XXIX Регионален натпревар по информатика се одржа на 6 март 2021 година на повеќе места ширум државата.
Повеќе информации за натпреварот можете да најдете овде.
Дабар 2020
Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) и годинава се придружува кон напорите за промовирање на информатиката и алгоритамското размислување на учениците од основното и средното образование, и по шести пат го организира интернационалниот натпревар ДАБАР. Истиот се одржува во преку 50 држави во светот.
По успехот од 2019-та година, кога над 200 училишта и околу 25 000 ученици и наставници од нашата држава земаа учество на натпреварот, со што Македонија беше помеѓу државите со (процентуално) најголем број на учесници, Ве повикуваме и годинава да се вклучите во активноста.
Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 3то одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот е исклучително популарен, се спроведува во многу држави и има добиено повеќе признанија и награди на разни научни конференции. Задачите кои им се даваат на учениците се создадени со цел да ги мотивираат истите да размислуваат за принципите, идеите и концептите поврзани со информатиката и технологијата. Натпреварот вообичаено се спроведува на училишните компјутери, како едноставна наставна активност во рамките на еден наставен час (според можностите, секој клас може да учествува во различен термин).
Во Македонија, по одложувањето на Дабар 2020 заради пандемијата со КОВИД-19, истиот се одржува во тековната 2021-ва година, во облик на онлајн настан, во периодот 15-26 февруари 2021. Поради КОВИД-19, настанот се организира во изменета форма - еден вид интересна активност, каде што учениците можат анонимно да решаваат задачи и веднаш (при самото решавање) да дознаат кој е точниот одговор на задачата. Нема да се доделуваат сертификати (бидејќи не постои никаква можност за контрола при внесувањето на податоци и решавањето од дома), а задачите ќе бидат од минати натпревари. Регистрација за натпреварот не е потребна, а за спроведување на натпреварот не е потребна никаква подготовка на компјутерите или инсталација на дополнителни програми и алатки. За да учествува во натпреварот, секој ученик треба само да го пристапи сајтот talent.mk.
ЗИМ и годинава овозможи учеството на натпреварувачите да е бесплатно. Со цел да ја промовираме оваа активност и во Република Македонија, се надеваме на поддршка од сите основни и средни училишта во Македонија. На тој начин, заедно можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесеме за нивниот развој, како и за развојот на нашата држава.
Сите информации кои не можат да се најдат на сајтот talent.mk може да ги побарате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Повеќе артикли...
- Реакција од ЗИМ до МОН за новата концепција за основно образование
- Годишно собрание на ЗИМ 2020
- Бронзен медал на IATI 2020
- ИОИ 2020 (онлајн)
- Три бронзи на ИОИ 2020
- Бронзен медал на ЕЈОИ 2020
- IV Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2020)
- МОИ / МЈОИ 2020
- Информација во врска со Државниот натпревар 2020
- ИОИ 2021 (онлајн)