swMenuFree

Бронзен медал на IATI 2020

Македонскиот сениорски тим освои еден бронзен медал на IATI 2020

Од 19.11.2020 до 22.11.2020, во облик на онлајн натпревар, се одржа XII Интернационален есенски турнир (IATI 2020) во програмирање во Шумен, Бугарија. На овој натпревар, на кој учествуваат повеќе земји кои што секоја година се високо рангирани на ИОИ, во организација на ЗИМ, учествуваа и македонски ученици.

Во конкуренција на 216 натпреварувачи од 13 земји (Азербејџан, Ерменија, Белгија, Белорусија, Бугарија, Кипар, Грузија, Израел, Македонија, Романија, Русија, Србија, Украина), нашиот сениорски тим, составен од натпреварувачите Благојче Павлески, Андреј Шеќеров, Тео Китановски и Марко Таневски, освои еден бронзен медал. Во оваа силна конкуренција, бронзениот медал го освои ученикот Благојче Павлески од Прилеп.

Повеќе информации за натпреварот можете да најдете овде.

© 2009-2022 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.