swMenuFree

Новости

Прв златен медал за Македонија на БОИ 2021

Прв златен медал во историјата за македонски учесник на Балканската олимпијада по информатика

Повеќе...

XXVIII Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2021)

Од 24.11.2021 до 29.11.2021, во облик на онлајн натпревар, се одржа XXVIII Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2021). БОИ 2021 се одржа во рамките на XIII Интернационален есенски турнир во програмирање - IATI 2021, кој традиционално се одржува во Шумен, Бугарија.

Македонија на БОИ 2021 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Андреј Шекеров, Благојче Павлески, Марко Таневски и Тео Китановски, како и лидерите Емил Станков и Мартин Динев.

Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.

V Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2021)

Од 24.08.2021 до 28.08.2021, во облик на онлајн натпревар, се одржа петтата по ред Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2021), како и 14-тата по ред Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ 2021).

Македонија на ЕЈОИ 2021 и ЈБОИ 2021 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Давид Каранфилов, Јован Михов, Јована Трифуноска и Сара Стефановска, како и лидерите Миле Јованов и Емил Станков.

Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.

© 2009-2022 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.