Средно образование
Натпревари по информатика 2022
Здружението на информатичарите на Македонија, по триесет и трети пат организира циклус на натпревари по информатика, во областа на програмирањето. Натпреварите се стремат да ги опфатат сите ученици од основното и средното образование кои се стекнале со познавања од програмирање. Програмирањето се изведува во програмскиот јазик C++.
Циклусот на натпревари ќе се состои од:
-
подготовки,
-
училишен натпревар,
-
регионален натпревар,
-
државен натпревар.
Најдобрите учесници на државниот натпревар добиваат можност за учество на понатамошни натпревари од тип олимпијада, преку кои се избираат тимови за учество на интернационалните натпревари.
Официјалниот распоред на натпреварите и специфичните правила за бодување се објавени на веб–сајтот на Здружението на информатичарите на Македонија, во делот за натпревари.
Натпреварувачите се натпреваруваат со решавање на множество од задачи, а рангирањето се прави според наставна година (I, II, III, IV), односно одделение (VI, VII, VIII, IX).
Натпреварите и подготовките за натпреварите претставуваат можност голем број ученици да навлезат во тајните на програмирањето и на тој начин да создадат една одлична подлога за една перспективна професија, инженер по информатика, како во Македонија така и во светот.
- Пред
- Следно >>