Права и должности
ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ИМААТ ОДРЕДЕНИ Права и должности
Листа на права и должности:
- да избира и да биде биран во органите на Здружението;
- да предлага решенија за одредени проблеми;
- да работи на спроведување на стручните активности, програмските цели и задачи и усвоените одлуки и заклучоци од органите на Здружението;
- да ги спроведува одредбите од овој Статут;
- да ги застапува интересите и ставовите за Здружението;
- да бара стручна и друга помош од областа на информатиката;
- да покренува прашања од поширок интерес за Здружението;
- редовно да присуствува на состаноците на Здружението;
- редовно да плаќа членарина;
- да го чува угледот на Здружението.
За својата работа членовите на Здружението одговараат пред Комисијата за членување, Извршниот одбор, Собранието и пред органите и телата во кои се избрани.