swMenuFree

Новости

Почеток на циклусот натпревари за 2020-та

Започнува циклусот на натпревари по информатика за 2020-та година!

 

Повеќе информации за натпреварите за средно образование тука.

Повеќе информации за натпреварите за основно образование тука.

 

 

Годишно собрание на ЗИМ 2019

На 28.12.2019, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), се одржа Годишното собрание на Здружението на Информатичари на Македонија (ЗИМ).

 

Дабар 2019

Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) и годинава се придружува кон напорите за промовирање на информатиката и алгоритамското размислување на учениците од основното и средното образование, и по петти пат го организираше интернационалниот натпревар ДАБАР. Истиот се одржува во преку 50 држави во светот.

По минатогодишниот успех, кога над 200 училишта и околу 25 000 ученици и наставници од нашата држава земаа учество на натпреварот, со што Македонија беше помеѓу државите со (процентуално) најголем број на учесници, Ви благодариме што и годинава се вклучивте во активноста.

Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 3то одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот е исклучително популарен, се спроведува во многу држави и има добиено повеќе признанија и награди на разни научни конференции. Задачите кои им се даваат на учениците се создадени со цел да ги мотивираат истите да размислуваат за принципите, идеите и концептите поврзани со информатиката и технологијата. Натпреварот се спроведува на училишните компјутери, како едноставна наставна активност во рамките на еден наставен час (според можностите, секој клас може да учествува во различен термин).

Во Македонија, Дабар се одржа во периодот 11-15 ноември 2019. Регистрацијата за натпреварот беше едноставна и траеше само 1-3 минути, а за спроведување на натпреварот не беше потребна никаква подготовка на компјутерите или инсталација на дополнителни програми и алатки. За да се учествува во натпреварот, за секое училиште доволно беше ЕДНО лице да изврши регистрација за натпреварот преку пристапување на сајтот talent.mk. Регистрацијата беше отворена до 10.11.2019. По регистрацијата, лицето добиваше упатство за спроведување на настанот (краток документ).

Сите учесници (ментори, ученици и поддржувачи) ќе добијат сертификати, по е-маил, по завршување на натпреварот. На сајтот на Дабар 2019 ќе биде објавена и листа на училиштата кои земале учество, како благодарност за нивната поддршка за промовирањето на натпреварот и науката.

ЗИМ и годинава овозможи учеството на натпреварувачите да е бесплатно. Со цел да ја промовираме оваа активност и во Република Македонија, се надеваме на поддршка од сите основни и средни училишта во Македонија. На тој начин, заедно можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесеме за нивниот развој, како и за развојот на нашата држава.

Сите информации кои не можат да се најдат на сајтот talent.mk може да ги побарате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2009-2022 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.