Учество на МГ купот 2019 во Белград, Србија
Годинава, по седми пат, Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) со свој тим учествуваше на МГ Купот, кој се одржа во периодот 24.06.2019 – 29.06.2019 во Белград, Србија. Тимот кој учествуваше на овој меѓународен натпревар во конкуренција до 16 години го сочинуваа натпреварувачите Тео Китановски, Иван Занов, Стефан Милков, Иван Јованоски, Сара Стефановска и Атина Рувинова, предводени од лидерот, Владислав Бидиков.
Учествувајќи на овој натпревар, ЗИМ продолжува со подготвувањето на нашите најдобри ученици во областа на програмирањето, за што подобар успех на претстојните интернационални олимпијади: Интернационалната олимпијада по информатика во Баку, Азербејџан, на почетокот на август, Европската јуниорска олимпијада по информатика во Марибор, Словенија, кон крајот на август, како и Балканската олимпијада по информатика во Атина, Грција, во првата половина на септември.
Повеќе информации за МГ Купот 2019: http://www.cup.mg.edu.rs