swMenuFree

Новости

ИОИ 2014 во Тајпеј, Тајван

Од 13.07.2014 до 20.07.2014 во Тајпеј, Тајван, се одржа 26-ата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2014).

Повеќе...

Историски успех за Македонија на ИОИ 2014

 

Еден сребрен и два бронзени медали за македонскиот тим на ИОИ 2014.

Повеќе...

Две бронзи на Јуниорска Балканска Олимпијада по информатика 2014

Нови медали за Македонија: Две бронзени медали на ЈБОИ, и 1 сребрен и 3 бронзени медали на Математичкиот гимназиски куп во Белград.

На 8-мата Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ 2014) која од 23-ти до 28-ми јуни се одржа во Белград, Србија, тројцата македонски ученици освоија 2 бронзени медали. Под раководство на лидерите, д-р Миле Јованов и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), учениците Димитар Бајрактаров од Струмица и Душан Терзиќ од Пробиштип освоија бронзени медали, додека трет македонски учесник беше Матеј Голубовиќ од Скопје.

На годинешната Јуниорска Балканска Олимпијада учествуваа тимови составени од најмногу четворица натпреварувачи, ученици до 15,5 години, од следните земји: Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, како и Таџикистан како поканет учесник. Овој успех покажува дека Македонија има квалитетен подмладок, кој ветува успеси и на идните интернационални натпревари.

Учеството на натпреварот традиционално го организира Здружението на информатичарите на Македонија, годинава со поддршка од Нордеус и Ассеко – СЕЕ, светли примери за општествена одговорност од многуте македонски ИТ компании, како и на државната Агенција за електронски комуникации (АЕК).

Паралелно со ова натпреварување, се одржа и вториот по ред Математички гимназиски куп, во организација на белградската специјална математичка гимназија. Во конкуренција на 21 тим од 13 земји, македонскиот тим составен од Денис Рајхл, Мики Митевски, Горазд Димитров и Каролина Трајковска, а под раководство на д-р Марија Михова, се враќа со освоени 1 сребрен и 3 бронзени медали во областите информатика, математика и физика.

Веб страна за Јуниорската Балканска Олимпијада по Информатика 2014: http://jboi2014.dms.rs

Соопштение до медиуми за ЈБОИ 2014

© 2009-2022 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.