Избор на екипи за интернационалните натпревари
Во Понеделник (22.04.2013) беше организиран дополнителен изборен натпревар, со цел - избор на екипите што ќе ја претставуваат Македонија на годинешните интернационални натпревари (Интернационалната Олимпијада по Информатика, Балканската Олимпијада по Информатика и Јуниорската Балканска Олимпијада по Информатика).
Натпреварот се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет (долна зграда - приземје), со почеток во 14 часот, и траеше 4 часа.
На овој натпревар учествуваа дванаесетте најдобропласирани натпреварувачи од претходно одржаната XVII Македонска Олимпијада по Информатика.