Новости
Избор на екипи за интернационалните натпревари
Во Понеделник (22.04.2013) беше организиран дополнителен изборен натпревар, со цел - избор на екипите што ќе ја претставуваат Македонија на годинешните интернационални натпревари (Интернационалната Олимпијада по Информатика, Балканската Олимпијада по Информатика и Јуниорската Балканска Олимпијада по Информатика).
Натпреварот се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет (долна зграда - приземје), со почеток во 14 часот, и траеше 4 часа.
На овој натпревар учествуваа дванаесетте најдобропласирани натпреварувачи од претходно одржаната XVII Македонска Олимпијада по Информатика.
Екипи за интернационалните натпревари
Објавена е конечна листа по одржувањето на сите натпревари од Циклусот натпревари по информатика 2013. Во неа се наведени избраните ученици за учество на интернационалните натпревари оваа година.
XVII Македонска олимпијада по информатика и VII Државен натпревар за основно образование - апликативни вештини
XVII Македонска Олимпијада по Информатика и VII Државен натпревар по информатика - апликативни вештини (за основно образование) се одржаа од 12.04.2013 (Петок) до 14.04.2013 (Недела), во СОУ Гимназија „Митко Пенџуклиски“ - Кратово.
За повеќе информации за Македонската Олимпијада по Информатика, кликнете овде.
За повеќе информации за Државниот натпревар за основно образование, кликнете овде.
Повеќе артикли...
- Државен натпревар 2013
- Регионален натпревар 2013
- Две бронзени медали за Македонија на Интернационалната Олимпијада по Информатика 2012
- Интернационална Олимпијада по Информатика 2012
- Македонскиот тим со три бронзи на Балканската Олимпијада по Информатика 2012
- Еден сребрен и четири бронзени медали за Македонија на ЈБОИ 2012
- 6-та Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика
- Екипи за ЈБОИ
- Државен натпревар
- Работилница: „Зошто програмирање“