swMenuFree

Новости

Годишно собрание на ЗИМ 2015

На 29.12.2015 година, со почеток од 16 часот, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, се одржа Годишното Собрание на Здружението на Информатичари на Македонија (ЗИМ). 

 

 

Microsoft натпревари за наставници и ученици

Мајкрософт Македонија организира два натпревари за наставници и еден натпревар за ученици и студенти.


Веќе шеста година по ред локалната канцеларија на Мајкрософт Македонија спроведува активности кои се во насока на поддршка на образованието и негово подобрување. Овие активности се резултат од одличната соработка со Министерството за образование и наука со кое во претходните години е потпишан Меморандум за соработка. Со потпишување на новиот Меморандум за соработка во кој е вклучено и Министерството за информатичко општество и администрација, важноста на Меморандумот е продолжена до 2018 година.

 

За таа цел Мајкрософт Македонија организира два натпревари за сите наставници од основните и средните училишта во Македонија:

 

1. Натпревар за Мајкрософт експерт наставник од Македонија (Microsoft Innovative Educator (MIE)) и

 

2. Натпревар за најиновативни наставници од Македонија во рамки на регионалниот ЦИЕ MIXathon предизвик за 2015-2016 година

  

и натпревар за ученици и студенти:

 

1.  Натпревар за Microsoft Office Specialist кој ги тестира вештините на учениците и студентите од 13 до 23 години во познавање на Microsoft Апликациите.

 

Победниците на натпреварите ќе бидат прогласени на голем настан кој ќе се одржи во втората половина на месец декември и истите ќе ја претставуваат Македонија на регионално и светско ниво. Подетални информации околу натпреварите се дадени на линковите подолу.

Microsoft натпревари за наставници 2015

Microsoft натпревар за ученици и студенти 2015

9-та Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика

Македонија беше домаќин на 9-тата по ред Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ)!
ЈБОИ 2015 се одржа од 14.09. до 19.09.2015 во Охрид, во организација на ЗИМ.

Повеќе информации на официјалниот веб сајт на ЈБОИ 2015: http://jboi2015.cs.org.mk/

© 2009-2022 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.