Обука за предметот Работа со компјутер и основи на програмирањето
ЗИМ го подготви и реализира наставниот дел од првичната обука за предметот Работа со компјутер и основи на програмирањето.
Во периодот од 20.08.2015 до 02.09.2015 година се реализираат еднодневни обуки за одделенските наставници кои во учебната 2015/2016 година ќе изведуваат настава по предметот Работа со компјутер и основи на програмирањето во III одделение, согласно новиот наставен план и новите наставни програми за деветгодишното основно образование.
Целта на обуките е наставниците да добијат насоки за реализација на новата наставна програма, во однос на методите и активностите за реализација на истата.
Реализатор на наставниот дел од овие обуки е Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ).
Обуките се организирани регионално, на македонски и на албански наставен јазик. Со обуките ќе бидат опфатени 1500 наставници од основните училишта во Република Македонија.
Комплетните материјали кои што ЗИМ ги подготви за потребите на обуките може да се преземат овде.