swMenuFree

Новости

Дабар 2018

Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) и годинава се придружува кон напорите за промовирање на информатиката и алгоритамското размислување на учениците од основното и средното образование, и по четврти пат го организираше интернационалниот натпревар ДАБАР. Истиот се одржува во преку 50 држави во светот.

По минатогодишниот успех, кога над 200 училишта и околу 25 000 ученици и наставници од нашата држава земаа учество на натпреварот, со што Македонија беше помеѓу државите со (процентуално) најголем број на учесници, Ве повикуваме и годинава да се вклучите во активноста.

Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 3то одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот е исклучително популарен, се спроведува во многу држави и има добиено повеќе признанија и награди на разни научни конференции. Задачите кои им се даваат на учениците се создадени со цел да ги мотивираат истите да размислуваат за принципите, идеите и концептите поврзани со информатиката и технологијата. Натпреварот се спроведува на училишните компјутери, како едноставна наставна активност во рамките на еден наставен час (според можностите, секој клас може да учествува во различен термин).

Во Македонија, Дабар се одржа во периодот 12-16 ноември 2018. Регистрацијата за натпреварот е едноставна и трае само 1-3 минути, а за спроведување на натпреварот не е потребна никаква подготовка на компјутерите или инсталација на дополнителни програми и алатки. За да се учествува во натпреварот, за секое училиште доволно е ЕДНО лице да изврши регистрација за натпреварот преку пристапување на сајтот talent.mk. Регистрацијата беше отворена до 10.11.2018. По регистрацијата, лицето добива упатство за спроведување на настанот (краток документ).

Сите учесници (ментори, ученици и поддржувачи) добија сертификати, по е-маил, по завршување на натпреварот. На сајтот на Дабар 2018 е објавена и листа на училиштата кои земаа учество, како благодарност за нивната поддршка за промовирањето на натпреварот и науката.

ЗИМ и годинава овозможи учеството на натпреварувачите да е бесплатно. Со цел да ја промовираме оваа активност и во Република Македонија, се надеваме на поддршка од сите основни и средни училишта во Македонија. На тој начин, заедно можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесеме за нивниот развој, како и за развојот на нашата држава.

Сите информации кои не можат да се најдат на сајтот talent.mk може да ги побарате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

COCI 2018/19

Веќе 13-та година по ред се одржуваат онлајн натпреварите COCI (Croatian Open Competition in Informatics)! Во текот на следните 6 месеци ќе се одржат вкупно 7 натпревари, како загревање за циклусот натпревари во програмирање за 2019 година! Натпреварите се отворени и достапни за секој заинтересиран!

Следниот натпревар ќе се одржи во Сабота (20.10.2018), со почеток во 16 часот.
Повеќе информации овде.

 

ИОИ 2018 во Цукуба, Јапонија

Од 01.09.2018 до 08.09.2018 во Цукуба, Јапонија, се одржа 30-тата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2018).

Повеќе...

© 2009-2022 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.