Меѓународни натпревари
Меѓународни натпревари по информатика 2009
Eкипи за учество на меѓународните натпревари
По одржувањето на циклусот натпревари и подготовките за меѓународните натпревари избран е следиот состав на екипите:
Интернационална олимпијада: Талимџиоски Филип, Димовски Младен, Џумкар Дениз и Јанчески Ѓорѓи. Резервни членови: Анчев Ненад и Богоевски Христијан.
Балканска олимпијада: Талимџиоски Филип, Димовски Младен, Анчев Ненад и Богоевски Христијан. Резервни членови: Џумкар Дениз и и Божиновски Дејан.
Миле Јованов,
Комисија за натпревари 2009
На крајот од циклусот натпревари
На крај сме на уште еден циклус натпревари. Во овој циклус од почетокот активно беа вклучени околу 90 натпреварувачи. Во текот на натпреварите дел од нив освоија дипломи и признанија за постигнатите резултати на натпреварите. На сите натпреварувачи им посакуваме да продолжат со продлабочување на своите знаења во областа на информатиката, а особено програмирањето.
Посакуваме сите ученици во прва, втора и трета година повторно да ги видиме во наредниот циклус натпревари, а на сите ученици од четврта година им посакуваме успешен упис на факултет.
Учениците кои ќе се запишат на Институтот за информатика ќе имаат можност да продолжат со учество на натпревари од областа на програмирањето, како на пример, на престижниот ACM натпревар.
На крај, според постигнатите резултати, комисијата дискутираше за избор на екипи за учество на Интернационалната олимпијада по информатика и на Балканската олимпијада по информатика. Според постигнатите резултати ученикот Талимџиоски Филип ќе учествува на престојните интернационални натпревари. Останатите членови во тимовите ќе бидат утврдени по завршувањето на подготовките за интернационалните натпревари. Сегашниот редослед на најдобрите учесници е објавен на линкот подолу. Тој може да биде променет во зависност од нивните залагања и покажаното знаење на престојните подготовки.
Избраните ученици ја прифаќаат обврската да учествуваат на организирани подготовки за натпреварите во период 10 јуни - 15август. Тие треба да испратат е-порака на natprevarATgmail.com со која ќе го потврдат учеството во подготовкитe најдоцна до 31.05.09.
Предвидени подготовки за интернационалните натпревари
Првиот круг на подготовки ќе се одржи од 13-19 јуни во Скопје. Листата на поканети учесници може да се види тука. Тие треба да испратат е-порака на natprevarATgmail.com со која ќе го потврдат учеството во подготовкитe најдоцна до 31.05.09. Доколку има други заинтересирани натпреварувачи за присуство на подготовките тие може да се пријават со уплата на котизација од 3000 денари. Дополнителни информации може да се добијат на споменатата е-адреса.
Програмата за подготовките може да се види тука.
Миле Јованов,
Комисија за натпревари 2009