swMenuFree

Меѓународни натпревари

Меѓународни натпревари по информатика 2010

XXII Интернационална олимпијада по информатика14-21.08.2010 Ватерлу, Канада

XVIII Балканска олимпијада по информатика31.10-06.11.2010 Петровац, Црна Гора

 

Екипи за меѓународните натпревари

После целиот циклус на натпревари и одржаните дополнителни натпревари за избор на екипи за меѓународните натпревари, земајќи го во предвид ангажманот и постигнувањата на учесниците во текот на целиот циклус, редовното постигнување на добар резултат, нивната возраст, нивните претходни резултати од меѓународните натпревари и приоритетно освоениот број на поени на натпреварите, формирани се екипите за интернационалните натпревари.

Балканска олимпијада по информатика (18-25.09.2010 во Бања Лука, Босна и Херцеговина - прелиминарен датум): Предраг Груевски, Христијан Богоевски, Јован Крајевски, Дејан Божиновски. Резервни учесници: Ѓорѓи Јанчески, Јован Андонов.

Интернационална олимпијада по информатика (14-21.08.2010 во Торонто, Канада), по редослед: Предраг Груевски, Христијан Богоевски, Младен Димовски, Јован Крајевски, Ѓорѓи Јанчески, Дејан Божиновски, Јован Андонов, Никола Фурнаџиски, Филип Станковски. Екипата се состои од најмногу 4 члена. Заради недостигот на финансиски средства кои за ова патување достигнуваат висока сума, на натпреварот ќе може да се претстават оние учесници кои ќе можат да обезбедат спонзорства за покривање на трошоците за нивното патување. Затоа, доколку некој од првите 4 учесници не е во можност да патува, се дава можност за патување на наредните учесници, од причини што сите тие имаат постигнато приближно ист, добар резултат на македонските натпреварувања. Сите учесници за детали да се обратат со порака на natprevarATgmail.com најдоцна до среда 16.06 до 13 часот.

На сите учесници им ги честитаме резултатите. Полека но сигурно, можеме да кажеме дека учесниците од Македонија може да се рамнат со учесниците од останатите земји.

На сите им посакуваме да продолжат да работат на полето на програмирањето и алгоритамското размислување, затоа што со досегашните резултати тие го имаат потврдено талентот кој го поседуваат за типовите на проблеми кои се разгледуваат на овие натпревари, и сега останува да продолжат да го развиваат талентот. Само со напорна работа, талентот може да се покаже во вистинското светло и да се постигнат врвни резултати.

----------

Комисија за натпревари 2010

Обраќање после циклусот натпревари 2010

Поканети учесници за завршните два натпревари

 

© 2009-2022 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.