Разно
Прелиминарни информации за регионален натпревар 2016
Почитувани ученици и ментори,
Регионалниот натпревар годинава ќе се одржи на 28.02. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи во неколку региони.
Распоредот кој ученик во кој регион се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници.
Учесниците треба да се на местото за одржување на натпреварот најдоцна 30 минути пред предвидениот почеток, заради навремено распоредување по работни места и можност за запознавање со работната околина.
Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 26.02 треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени:
- цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2016
- износ: 1500 денари
Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.
ВАЖНИ информации
- Сите натпревари во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен, македонска олимпијада) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mk. За да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
- Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество - број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште - тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
- Годинава, секое средно училиште може да учествува со 4 натпреварувачи (а=4), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b за училиштата, пресметан според минатогодинешните резултати е даден во листата подолу.
- Училиштата домаќини имаат право на најмногу 3 дополнителни натпреварувачи.
- Пријавувањето на учесници се врши со порака на natprevarATcs.org.mk со наведување на листа на учесници од училиштето (име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до понеделник (22.02.2016) до 16:00.
- Во петок (19.02) со почеток од 17 часот ќе биде одржан ткн. училишен натпревар. Истиот има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат и не е задолжителен, не е елиминационен и за истиот нема да се објави ранг листа со резултати. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, и за менторите (по училиште) на нивно барање. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни години.
- Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може лично да се пријави на горенаведената адреса за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари). Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар.
Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишни резултати
Училиште | Град | Дополнителни места (b=) |
ПСУ „Јахја Кемал“ -Автокоманда | Скопје | 10 |
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ | Куманово | 3 |
ПСУ „Јахја Кемал“ - Бутел | Скопје | 6 |
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски - Корчагин“ | Скопје | 4 |
ОСУ „Св. Климент Охридски“ | Охрид | 2 |
СОУ „Јане Сандански“ | Струмица | 1 |
Гимназија „Алгоритам“ | Скопје | 3 |
СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ | Битола | 2 |
СУГС „Орце Николов“ | Скопје | 1 |
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ | Прилеп | 1 |
ПСУ „Американска Гимназија Нова“ | Скопје | 1 |
СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ | Скопје | 1 |
ПСУ „Јахја Кемал“ | Струга | 2 |
ПСУ „Јахја Кемал“ | Тетово | 1 |
ООУ „Христијан Карпош“ | Куманово | 1 |
ООУ „Видое Подгорец“ | Струмица | 1 |
ООУ „Крсте Мисирков“ | Куманово | 1 |
ООУ „11 Октомври“ | Скопје | 1 |
ООУ „Кочо Рацин“ | Куманово | 1 |
ООУ „Браќа Миладиновци“ Семос Едукација |
Куманово Скопје |
1 1 |
Повеќе артикли...
- Microsoft натпревар за наставници, ученици и студенти 2015
- Microsoft натпревари за наставници 2015
- Соопштение до медиуми за ЈБОИ 2015
- Листа на поканети учесници на државниот натпревар 2015
- Конечни резултати од регионалниот натпревар 2015
- Прелиминарни информации за регионален натпревар 2015
- Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар 2015
- Соопштение до медиуми за ЈБОИ 2014
- Агенда на државниот натпревар по информатика 2014 - апликативни вештини
- Агенда на летната школа за информатика 2014