Разно
Прелиминарни информации за регионален натпревар 2021
Почитувани ученици и ментори,
Регионалниот натпревар годинава, според усогласениот календар со другите научни здруженија, ќе се одржи на 06.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи на повеќе локации, заради запазување на мерките наметнати од пандемијата.
Распоредот кој ученик на која локација се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.
ВАЖНИ информации
- Натпреварите во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mk. За да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
- Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество - број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште - тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
- Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b за училиштата, пресметан според минатогодишните резултати, е даден во листата подолу.
- Училиштата-домаќини имаат право на најмногу еден дополнителен натпреварувач. Заради вонредните пандемиски услови, секое училиште кое има пријавено повеќе од еден натпреварувач треба да е подготвено да биде домаќин на одреден број учесници (барем 10). За нив ќе треба да обезбеди просторија (простории) со компјутер со интернет пристап само до mendo.mk и видео надзор (може и од камера од лаптоп) за време на траење на натпреварот.
- Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат: име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Тоа мора да е направено најдоцна до четврток (25.02.2021) до 18:00.
- Програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.
- Во среда (24.02.2021) со почеток од 17:00 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Тој има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат и за разлика од претходните години годинава е задолжителен, за него нема да се објави ранг листа со резултати, но ученик кој не бил на училишниот натпревар нема да може да учествува на регионалниот натпревар. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, и за менторите (по училиште) на нивно барање. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни одделенија/години. Менторите преземаат обврска да гарантираат дека нивните ученици учествувале на натпреварот чесно, така што натпреварот ќе го организираат во училиштето или ќе ја надгледуваат активноста на учениците електронски.
- Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може да се пријави преку училиштето/менторот за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари) или тоа може да го направи лично на natprevarATcs.org.mk. Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 27.02. треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: - цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2021; - износ: 1500 денари.
Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати
Училиште | Град | Дополнителни места (b=) |
ОСУ „Ацо Русковски“ | Берово | 2 |
СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ | Битола | 2 |
СОУ „Ванчо Прке“ | Виница | 1 |
СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ | Кавадарци | 2 |
ОУ „Малина Попиванова“ | Кочани | 1 |
ООУ „Јоаким Крчовски“ | Крива Паланка | 1 |
ООУ „Браќа Миладиновци“ | Куманово | 1 |
ООУ „Кочо Рацин“ | Куманово | 1 |
ООУ „Крсте Мисирков“ | Куманово | 3 |
ООУ „Христијан Карпош“ | Куманово | 1 |
ОСТУ „Наце Буѓони“ | Куманово | 1 |
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ | Куманово | 1 |
СОУ „Св. Кирил и Методиј“ | Неготино | 1 |
ООУ „Гоце Делчев“ | Прилеп | 1 |
ООУ „Климент Охридски“ | Прилеп | 2 |
ООУ „Кочо Рацин“ | Прилеп | 1 |
ООУ „Рампо Левката“ | Прилеп | 1 |
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ | Прилеп | 1 |
Центар за едукација „Круг“ | Прилеп | 1 |
ООУ „Браќа Миладиновци“ | Пробиштип | 1 |
СОУ „Наум Наумовски-Борче“ | Пробиштип | 1 |
PSU Yahya Kemal College | Скопје | 10 |
Yahya Kemal College Karposh - Elementary | Скопје | 1 |
Меѓународни Училишта НОВА | Скопје | 1 |
ООУ „Александар Македонски“ | Скопје | 1 |
ООУ „Браќа Миладиновци“ | Скопје | 1 |
ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ | Скопје | 1 |
ООУ „Наум Наумовски Борче“ | Скопје | 1 |
ОУ „Лазо Трповски“ | Скопје | 1 |
ООУ „Његош“ | Скопје | 1 |
ОУ „Мирче Ацев“ | Скопје | 1 |
СЕМОС Едукација | Скопје | 3 |
СУГС Гимназија „Орце Николов“ | Скопје | 4 |
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ | Скопје | 3 |
СУГС Гимназија „Никола Карев“ | Скопје | 2 |
ДСУ Математичко-информатичка гимназија |
Скопје | 9 |
ПСУ „Јахја Кемал“ | Струга | 2 |
СОУ „Ибрахим Темо“ | Струга | 2 |
ООУ „Никола Вапцаров“ | Струмица | 1 |
СОУ „Jане Сандански“ | Струмица | 5 |
СОУ „Никола Карев“ | Струмица | 1 |
СОУ „Славчо Стојменски“ | Штип | 1 |
Повеќе артикли...
- Мислење од ЗИМ за нацрт концепција за основно образование на МОН од декември 2020
- Соопштение до медиуми за ИОИ 2020
- Соопштение до медиуми за ЕЈОИ 2020
- Конечна листа на учесници на регионалниот натпревар 2020
- Листа на поканети учесници на државниот натпревар 2020
- Конечни резултати од регионалниот натпревар 2020
- Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар 2020
- Прелиминарни информации за регионален натпревар 2020
- Соопштение до медиуми за БОИ 2019
- Соопштение до медиуми за ЈБОИ 2019 и ЕЈОИ 2019