Средно образование - Решенија
Прецизни технички спецификации
Прецизните технички спецификации може да бидат ажурирани на годишно ниво, до почетокот на тековниот циклус натпревари, заради напредокот на информатичката технологија.
Програмски Алатки
Решавањето на зададените проблеми треба да се изведува во следната програмска алатка која е стандардна за меѓународните натпревари по информатика:
- Code::Blocks (13.12 или повисоко)
Oваа алатка може да се користи на сите популарни оперативни системи - Windows, Linux, Mac OS X, а може да се најде на http://www.codeblocks.org.
Решенијата се една верзија програмски код (.CPP). Испратеното решение треба да биде датотека со програмски код (не извршна верзија) во соодветен програмски јазик.
Преведувањето на испратените решенија се врши со следната наредба:
C++
g++ -O2 -std=c++11 -s -static -lm -Wl,--stack={memlimit} -x c++ -o a.exe {filename.cpp}
Влезните и излезните операции се едноставни што ви дозволува да се сконцентрирате на програмирање на самиот алгоритам. Не се потребни и не се користат никакви посебни програмерски техники што се однесуваат на графички излез и употреба на глувче, тастатура и слично. Посебно, следните техники нема да влијаат во оценувањето и треба да се избегнуваат: графички излез, користење на глувче во вашите програми, напредни операции со датотеки, напредни техники на нумеричко процесирање, повици на DOS функции и сл.
Потребно е добро да ja познавате програмската средина во која се работи, поврзувањето со библиотеки и unit-и, преведување и дебагирање. За побрзо извршување на програмите придонесува и подоброто познавање на преведувачите кои се користат и нивно подобро искористување.
Влезни податоци
Целиот влез на програмите ќе се изведува преку стандарден влез (тастатура). Влезните податоци се состојат од секвенци на податоци. Секој податок може да биде цел број или непразна низа на знаци (букви, декадни цифри, итн). Податоците меѓусебно се разделени или со едно празно место или со знак за крај на линија (новите податоци во нова линија).
Излезни податоци
Програмите треба својот излез да го запишуваат на стандарден излез (екран). Секоја линија мора да завршува со знак за нова линија, дури и последната. Излезот на програмата претставуваат низи од податоци. Секој податок може да биде цел број или непразна низа на знаци (букви, цифри, итн). Податоците меѓусебно се разделени или со едно празно место или со знак за крај на линија (новите податоци во нова линија).
Пример на програма во С++ која користи стандарден влез/излез
Со оваа програма се илустрира читање на два броја од тастатура (стандарден влез) и испишување на нивниот збир на екран (стандарден излез).
|
#include <iostream> using namespace std; int main() { int a, b; cin >> a >> b; cout << a+b << endl; return 0; } |
Подготовка (тренинг) за натпреварите
Веб-системот за натпревари може да се користи и како тренинг систем. По регистрацијата, на корисниците им е овозможено решавање на задачи кои се појавувале на поранешни натпревари по информатика (државни или меѓународни), како и други задачи кои служат како подготовка за овогодинешните натпревари.
Корисниците, по најавата на системот преку страната http://mendo.mk, соодветно ја следат врската "Тренинг", по што им се појавува листа на задачи групирани во неколку категории. Корисникот одбира задача од листата, по што му се појавува текстот на задачата и дел за испраќање на решение. По испраќањето на решение за соодветната задача, решението се додава во редот за тестирање. По завршување на тестирањето, на корисникот му се презентираат резултатите од извршувањето на програмата.