swMenuFree

Средно образование - Правила за спроведување на натпреварите

 

Правила за спроведување на натпреварите, 2022

Натпреварите по Информатика целосно ќе бидат спроведувани преку веб-системот за натпревари mendo.mk, преку поставување на задачите за натпреварите, испраќање на решенијата, објавување на резултати и целосната комуникација.

При првата посета на сајтот, потребно е најпрво да се регистрирате. Регистрацијата е неопходна за да се учествува на натпревар.

 

Основни информации за натпреварите

Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество - број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште - тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.

Учеството на државниот натпревар зависи од ранг листите на регионалниот натпревар.

 

Основни технички правила за натпреварување 2022

Циклусот натпревари се спроведува според следните правила:

  • Работата е исклучиво индивидуална и непочитување на истото ќе биде санкционирано. Пристап до интернет (oсвен до mendo.mk) е ЗАБРАНЕТ.

  • Читањето на влезните податоци и запишувањето на резултатите се изведува преку стандарден влез/излез.

  • При испраќање на решение, системот веднаш го преведува извршниот код и ја тестира програмата на тест примерот (тест групата) даден/а во текстот на задачата. Целта на ова е да се избегнат грешките при преведување, читање, запишување, итн.

  • На секој натпревар, учесниците ќе добијат множество од задачи со различна тежина кои треба да ги решат за времетраење на натпреварот, јасно рангирани, со евентуална напомена кои од задачите соодветствуваат на нивната возраст.

  • За време на одржувањето на натпреварите, ќе имате можност да ги прочитате задачите, како и да ги испратите вашите решенија. Решенијата можете да ги испратите повеќе пати во текот на траењето на натпреварот, а ќе се прегледува само последното испратено решение.

  • За некои од поставените задачи, можно е да има овозможен детален повратен одговор (на натпреварувачот ќе му биде овозможено тестирање на решението на дел од официјалните тест групи веднаш по испраќањето на решението).

  • Програмскиот јазик се одбира автоматски, освен во случај на експлицитна промена од страна на натпреварувачот.

  • Во рамки на веб-системот за натпревари постои дел за прегледување и поставување на прашања, каде можете да поставите прашање или да ги прочитате одговорите на некои значајни претходно поставени прашања. Специфики околу начинот и времето на поставување на прашања се објавуваат пред почетокот на секој натпревар. 

© 2009-2022 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.