swMenuFree

XXIX Регионален натпревар 06.03.2021

 

Прелиминарни и тековни информации за натпреварот

Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар со место за натпреварување 

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државниот натпревар


Регионалниот натпревар се одржa на 06.03.2021 со почеток во 12:00 часот.

Натпреварот се одржa на повеќе места, заради запазување на правилата наметнати од актуелната пандемија. Детална листа на места, и одговорни наставници за запазување на регуларноста на натпреварот и потпишување на записникот е дадена тука.

Прелиминарните резултати се дадени на mendo.mk, кај соодветниот натпревар. Приговори може да се поднесат до понеделник, 8.3 до 13:00 на е-адресата natprevar AT cs.org.mk. Пред поднесување на приговор, менторите задолжително да се потсетат на правилата за поднесување приговор и насоките за што всушност е можно да се поднесе приговор. Неосновани приговори ќе бидат отфрлени и санкционирани.  

 

Листа на учесници е објавена според пријавите. Доколку има грешки во податоците, тие се по вина на пријавувачот. Овие информации ќе се сметаат за валидни при изработката на сертификатите.
Дипломи, признанија и пофалби ќе бидат подготвени и предадени за време на државниот натпревар или ќе бидат дистрибуирани електронски по завршувањето на циклусот.

 

 

© 2009-2022 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.