swMenuFree

XXV Македонска (Јуниорска) Олимпијада по Информатика 2021, 23.04.2021

 

Oлимпијадите се одржаа во петок 23.4 (петок), во периодот од 11:30 до 16:00 часот, во просториите на ФИНКИ.

Решавањето задачи за МОИ траеше 210 минути, а за МЈОИ 180 минути.

 

 Заради ковид протоколите, се очекува учениците да дојдат пред влезот на просториите на ФИНКИ на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, во 11:10 часот. Заради запазување на протоколите, влегувањето во зградата на факултетот ќе биде дозволен само после измерена температура на секој од учесниците и менторите. По мерењето на температурата, учениците треба директно да се упатат во просторијата за натпреварување во која се распределени, на соодветната позиција според објавениот распоред (на линкот тука - активен после 18:00, 21.4). Внимавајте, заради протоколите, централните скали во ТМФ во периодот пред почетокот на натпреварот се користат само во едната насока (од приземје кон првиот спрат), така што, упатете се нагоре единствено ако треба да бидете во просторија 215/215а. Натпреварувачите, за целото време дури се во просторот на факултетот мораат да одржуваат растојание од најмалку 1,5 метри од други лица. Заради должина на натпреварот, ве советуваме да носите и една резервна маска за замена после извесно време.
За учесниците ќе биде обезбеден ручек по завршувањето на натпреварот.

Сите активности треба да завршат до 16:00.

Поканети учесници на Македонска Олимпијада по информатика 2021

Поканети учесници на Македонска Јуниорска Олимпијада по информатика 2021

Агенда за Македонска (Јуниорска) Олимпијада по информатика 2021

Резултати од Македонска Олимпијада по информатика 2021

Резултати од Македонска Јуниорска Олимпијада по информатика 2021

© 2009-2022 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.