swMenuFree

Разно

Зачленување

Членување во здружението

Член на Здружението може да биде секое физичко лице: стручњак од информатиката и сродни области, почитувач или изучувач на информатиката, информациските и комуникациските технологии, кое ги исполнило условите за членство.

Член на Здружението може да биде и друг стручњак кој доброволно ќе пристапи кон Здружението и кој ги исполнил условите за членство.

Членот во Здружението може да биде примен со статус придружен член, редовен член или почесен член.

Постапка за зачленување

Постапката за зачленување во Здружението започнува со искажување на интерес за членување во даден Сектор до Комисија за членување (во понатамошниот текст: КЧ), на начин утврден и јавно објавен  од страна на Извршниот одбор

Листата на лица кои искажале интерес за членство (кандидатите) се разгледува од КЧ, најмалку во два наврати годишно и се донесува одлука за доставување електронска покана до избраните лица. Одлуката за избор се донесува со мнозинство гласови на КЧ, за секој кандидат.

По добиената покана, кандидатот е должен да пополни електронска пристапница и да ја плати членарината во рок утврден од КЧ. Доколку се работи за малолетно лице постаро од 14 години, согласно со член 19 став 4 од Законот за здруженија и фондации, кандидатот поднесува и писмена изјава за согласност за зачленување потпишана од неговиот законски застапник во согласност со закон.

Доколку кандидатот во дадениот рок ги исполни условите од став 3 на овој член се стекнува со статус придружен член на Здружението во соодветниот Сектор.

Постапка за продолжување на членувањето во здружението

Сите придружни и редовни членови на Здружението еднаш годишно добиваат известување по електронски пат од КЧ за обврската за уплата на членарина за тековната година.

Сите придружни членови кои навремено ќе ја исполнат обврската за уплата на членарина се здобиваат со право на статус редовни членови, кој го добиваат со одлука на КЧ.

Сите редовни членови кои навремено ќе ја исполнат обврската за уплата на членарина го задржуваат статусот редовни членови.

Сите придружни и редовни членови кои нема навремено да ја исполнат обврската за плаќање на членарината го губат здобиениот статус и може да отпочнат постапка за зачленување.

Почесни членови

Почесен член може да биде лице кои со своето работење исклучително влијаело на промоцијата и афирмацијата на Здружението преку спроведувањето на неговите активности.

Почесен член се избира на седница на Собранието со мнозинство гласови, по предлог на Извршниот одбор.

Почесен член нема да биде овластен да врши функции во Здружението.

Почесните членови на Здружението немаат обврска, но имаат право да плаќаат членарина.

Престанок на членство

Членството престанува:

  • по лична желба на членот на Здружението со барање до КЧ;
  • со исклучување од членство заради неисполнување на обврските кон Здружението или нанесување штета на неговата работа и углед.

Одлука за престанување на членувањето донесува Извршниот одбор по предлог на КЧ.

© 2009-2022 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.