Соопштение до ментори 2015
Почитуван ментор,
ве молам внимателно прочитајте ја следната порака со информации за претстојниот натпревар.
Во листата објавена на ЗИМ се наведени имињата на поканетите учесници.
Ве молам проверете да не има грешка во некој од податоците и најдоцна до 26.03 известете ме за тоа. (Гледајте точно во листата на поканети учесници!).
Сите признанија и дипломи ќе бидат изработено согласно со тие податоци.
Доколку некој ученик сака да се натпреварува во Pascal и за тоа треба да ме известите најдоцна до 26.03. За останатите се претпоставува програмирање во С/С++ и ќе биде обезбедена алатката Code::Blocks.
Можност за дополнителни ученици да учествуваат на Државниот натпревар со приватно учество годинава не постои, бидејќи сите учесници се избрани според постигнатите резултати на надгледуван регионален натпревар во фер услови за сите. Нагласувам дека политиката на приватно учество не е со цел заработка од учениците, туку таа се воведува кога ЗИМ нема комплетна контрола над регуларноста на изборот на ученици - со цел да им се овоможи учество на ученици кои сметаат дека се онеправдани од страна на процесот за избор. Затоа до минатата година такво учество се овозможуваше на Државниот натпревар, а сега таа опција е дадена за Регионалниот натпревар.
Околу задачите и рангирањето:
Веќе втора година по ред, воведени се засебни ранг листи на државниот натпревар за секоја натпреварувачка година.
Како и на регионалниот натпревар, учениците од сите натпреварувачки групи ќе добијат исти задачи.
Задачите ќе бидат поредени по редослед по тежина (според оценката на комисијата) и ќе носат и различен број на поени.
Иако условно може да се решаваат сите понудени задачи, совет е да се решаваат по редослед. Може да се случи за некој учесник на пример третата задача да е полесна од втората, но сигурно петтата е значително потешка од втората или третата.
На овој начин правиме фер листа по наставни години (I, II, III и IV) и ја постигнуваме целта поголем број на ученици да имаат можност за стекнување на стипендија.
За учениците од основните училишта на крај ќе бидат формирани 2 листи: Првата со сите ученици до осмо одделение, а втората ученици од деветто одделение.
Се очекува да бидете во просториите на Технолошко-металуршкиот факултет најдоцна во 9:45.