swMenuFree

Донаторска вечера 2012

ДОНАТОРСКА ВЕЧЕРА  

 

Цел на вечерата:  Прибирање на средства за поддршка на активностите на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) околу организација на натпреварите по информатика и овозможување на најдобрите учениците учество на интернационалните натпревари  

 

Учесници: Се очекува учество на општествено одговорни компании и поединци кои се заинтересирани да ја поддржат активноста на ЗИМ

 

Термин на одржување: 16.05.2012.

 

Организатори: Агенција за електронски комуникации на Македонија, МАСИТ - Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии, Здружение на информатичарите на Македонија

 

Начин на учество: Сите компании и поединци може да присуствуваат на вечерата преку уплата на донација на жиро сметката на ЗИМ.

 

За правните лица се овозможени неколку различни „ваучери“:

 

Ваучер

 

Вредност во евра

 

Влезници за вечерата

Ваучер 1

100

до 2

Ваучер 2

200

до 4

Сребрен ваучер

500

до 6

Златен ваучер

1000

до 10

 

Пред донаторската вечера треба да е извршена уплатата и/или да е потпишан договор за донација помеѓу компанијата и ЗИМ.

 

За физичките лица се овозможени два вида на „ваучери“:

 

Ваучер

 

Вредност во евра

Сребрен ваучер

50

Златен ваучер

100

Ваучерите важат за индивидуално присуство. Најдоцна еден ден пред донаторската вечера уплатата треба да се изврши на жиро сметката на ЗИМ со назнака „Донација за натпревар“.

Контакт за договарање и дополнителни информации:

Миле Јованов

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

071/ 345 384

Веб сајт: www.cs.org.mk

 

Податоци за уплата:

Жиро сметка на ЗИМ:

300000001247844,

Комерцијална Банка Скопје,

ЕДБ 4030000388336                                           

 

Контекст:

            Здружението на информатичарите на Македонија, по дваесет и трети пат организира циклус на натпревари по Информатика, во областа на програмирањетоза учениците од средните училишта и во областа на апликативни вештини и алгоритамски вештини за учениците од основните училишта.

            Натпреварите и подготовките за натпреварите претставуваат можност голем број ученици да навлезат во тајните на програмирањето и на тој начин да создадат една одлична подлога за професијата Инженер по информатика, перспективна како во Македонија така и во светот.

 

            Циклусот на натпревари се состои одподготовки, Регионален натпревар (08.04.2012), Државен натпревар (27-29.04.2012) и Македонска олимпијада по информатика (11-13.05.2012).

            Натпреварувачите се квалификуваат за учество на интернационалните натпревари:

·         XXIV Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ)

·         XX Балканска олимпијада по информатика (БОИ)

·         VI Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ)

 

            Изминатата година зад нас е уште досега најуспешниот циклус на натпревари, ако се цени според исходот на интернационалните натпревари:

·         2 бронзени медали на Интернационална олимпијада по информатика  2011 (ИОИ, Тајланд)

·         4 бронзени медали на Балканска олимпијада по информатика 2011 (БОИ, Романија)

·         2 бронзени медали на Јуниорска балканска олимпијада по информатика 2011 (ЈБОИ, Романија)

            ИОИ  е врвен натпревар во програмирање и алгоритамско размислување на кој редовно учествуваат репрезентации од околу 90 земји во светот. На ова натпреварување Македонија учествуваше со четири натпреварувачи, меѓу кои Предраг Груевски и Христијан Богоевски се закитија со одличниот бронзен медал. Овој успех тие го остварија и на БОИ, каде заедно со Јован Крајевски и Дејан Божиновски го остварија најдобриот резултат на Македонија на Балканските олимпијади по информатика, освојувајќи 4 бронзени медали. Овој успех ја стави Македонија на ниво на земјите од Балканскиот регион кои традиционално освојуваат најголем број на медали.            Освојувачите на бронзените медали на ЈБОИ, Денис Мазникар и Филип Бујароски, се млади таленти од кои се очекува голем успех и во иднина.

           

            Успесите на македонските екипи беа промовирани и на специјалната конференција за печат на која присутни гости беа и Министерот за образование и наука м-р Панче Кралев и Заменик министерот за информатичко општество и администрација г-ѓа Марта Арсовска – Томовска на 19.08.2011. На истата беа доделени благодарници на фирмите - поддржувачи на Здружението односно натпреварите.

 

            Здружението на информатичарите на Македонија секогаш се обидува да ги обезбеди трошоците за:

·         организација на целиот циклус натпревари,

·         подготовките за интернационалните натпревари и

·         учеството на интернационалните натпревари.

            За претстојната година предвидената сума на трошоци е 790.000 денари. Во оваа сума со помал дел влегува организацијата на сите домашни натпревари, додека значаен дел се однесува на покривањето на патните трошоци за патувањата на интернационалните натпревари. Единствен начин на обезбедување на овие средства е преку спонзорства и донации.

           

            Се надевам дека Вие/Вашата компанија ќе може да покрие дел од трошоците со што би им овозможиле на учениците да го претстават своето знаење дома и на интернационалните натпревари.

 

            За возврат, во зависност од висината на поддршката, Здружението на информатичарите на Македонија, на ваше барање, може да го обезбеди следното:

-    Истакнување на лого на компанијата на веб страната на здружението во делот за натпревари на официјалната веб страна (www.cs.org.mk);

-    Истакнување на информации за тековни кампањи, промоции и слично на компанијата;

-    Наведување на Вашата компанија како спонзор во информациите до медиумите за одржаните натпревари;

-    На барање на спонзорот, посебна информација до одреден медиум(и) околу одреден спонзориран настан;

-    Изготвување на фотографии од учениците - учесници на настаните во брендирани маички и капчиња обезбедени од спонзорот.

 

© 2009-2022 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.