Основно образование

НАТПРЕВАРИ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Здружението на информатичарите на Македонија петнаесетта година по ред организира натпревари по информатика за учениците од основното образование. Целта на досегашните циклуси на натпревари беше да се заинтересираат колку што е можно поголем број на ученици за информатиката како наука. Започнувајќи од натпревари во апликативни вештини, овие натпревари полека прераснаа во натпревари во програмирање и алгоритамски вештини, што всушност ја претставува сржта на информатиката.

Во последните години програмирањето се изучува во VI-то, и во VII-мо одделение како дел од предметот Информатика, а потоа може да се продолжи и со изборниот предмет Програмирање. Оттогаш,  учениците од основното образование се натпреваруваат на натпреварите кои што се организираат за учениците од средното образование. На тој начин на сите нив им е овозможено да влезат во тимовите за интернационалните натпревари. Македонските натпревари се организираат според правилата на интернационалните натпревари. Сите информации за овие натпревари се објавени во делот за натпреварите за средно образование.


Натпревар по информатика – информатичко размислување

Годинава, по петти пат, за учениците од IV и V одделение ќе се организира натпревар во информатичко размислување. 

Натпреварот се спроведува на општинско/регионално и државно ниво. Заради актуелната пандемија, датумите за овие натпревари ќе бидат во месец мај, а пријавувањето ќе биде во тек на месец април.

 

Натпреварите се одржуваат според правилникот за натпревари усвоен од државната комисија за акредитација.

ЗНАЧАЈНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ во 2022

Според правилникот, за учениците во одделенска настава, секое училиште има право да пријави по еден натпреварувач за учество во секое од двете одделенија (IV и V).

Пријавувањето на учениците се прави преку следната форма, од почетокот на април, а најдоцна до 20.04. до 18:00


Листа на пријавени и поканети учесници на државниот натпревар 2022

Конечни резултати од Државниот натпревар 2022

 

Државниот натпревар се одржа на 5. мај (четврток) според агендата дадена подолу.


Агенда на Државниот натпревар 2022

10:30 Сместување на учениците во Digital School, Скопје

10:40 Натпревар

11:30 Пауза за закуска

12:00 Објавување на резултатите (онлајн)/ приговори

13:00 Прогласување на победници

 

 

--------------------Информации за државниот на натпревар од 2021--------------------------


 

Резултати од Државниот натпревар 2021

Задачи од Државниот натпревар 2021: македонски албански

Решенија на задачите од Државниот натпревар 2021

Конечни резултати од Државниот натпревар 2021 

------------------------------------------------------------------------------------

Дополнителни информации

Формат на натпреварот
Учениците се натпреваруваат преку решавање на множество задачи кои имаат за цел проверка и развој на информатичкото размислување. Како урнек се земаат задачи од www.bebras.org, односно задачи од меѓународниот промотивен натпревар Дабар, за соодветното ниво. Македонскиот сајт за натпреварот Дабар е talent.mk.

Спроведување на натпреварот
Натпреварот се спроведува на тој начин што секој од учениците го добива соодветното множество од задачи и подготвува и внесува одговори за нив во предвиденото време. 
Ученикот е должен доколку даде одговор на одредена задача, тоа да го стори во точно предвидениот формат за давање на одговорот.
По евалуацијата на тестовите се пресметуваат освоените поени за секој натпреварувач.

Рангирање
Врз основа на поените освоени на општинскиот и регионалниот натпревар, се објавува ранг листа на учесниците на натпреварот, по одделенија, како и листа на поканети учесници за следното ниво на натпреварување. 
Според утврдените ранг листи на секој од натпреварите се доделуваат соодветни награди и признанија.

Наставниците по информатика од основните училишта треба да одберат ученици што добро ја владеат информатиката и тие ќе имаат можност да изработат задача која ќе одлучи дали ќе влезат во квалификација за Државниот натпревар.

За учество во олимписката група наставниците треба да ги запознаат учениците со системот за натпревари МЕНДО, преку кој треба редовно да испраќаат решенија на поставените задачи почнувајќи од крајот на февруари.

Натпреварот е во организација на  Здружение на информатичари на Македонија.

За учество на натпреварот можете да се обратите на тел:

071 288 298 кај проф. Горица Ѓоргиева,

или на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .


Организациски одбор

Миле Јованов - претседател на ЗИМ
Горица Ѓоргиева - проф. во ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци
Маја Ржарова –проф. во ООУ “Блаже Конески”, Велес
Емил Станков - член на ИО на ЗИМ
Славица Карбева- проф. во "ООУ Петре Поп Арсов", Чашка