Прелиминарни информации за регионален натпревар 2015

Почитувани ученици и ментори,

Регионалниот натпревар годинава ќе се одржи на 01.03. со почеток во 11:30 часот. Истиот ќе се одржи во 3 региони: 1. Скопје, 2. Прилеп и 3. Струмица.

Распоредот кој ученик во кој регион се натпреварува е даден во објавената листа на учесници.

Учесниците треба да се на местото за одржување на натпреварот најдоцна 30 минути пред предвидениот почеток, заради навремено распоредување по работни места и можност за запознавање со работната околина.

Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 27.02 треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени:

- цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2015

- износ: 1500 денари

 Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.

 

Содржина на е-порака од 24.02, доставена до сите ментори

Почитувани ментори,

на страната на ЗИМ се објавени ажурирани информации околу натпреварот во недела. Објавена е и листа на ученици, според вашите пријави. Ве молам проверете дали се точни податоците и пратете порака во случај да треба нешто да се смени или дополни.
 
Натпреварот за регион 1 ќе се одржи во Скопје, во просториите на ФИНКИ на Технолошко-металуршкиот факултет.
За регион 2: Прилеп, во просториите на Економскиот факултет.
За регион 3: Струмица, во просториите на „Јахја Кемал“.
 
Одговорни колеги за Струмица: Кире Јованов и Софија Тошева .
Одговорен колега за Прилеп: Анкица Стеваноска Јанческа.
 
Задача на менторите е да ги донесат учениците до местото на натпреварување најдоцна до 11:00. Освен спроведувањето на натпреварот, не се предвидени никакви други активности, па така ако се' се одвива според планот, би требало се' да е завршено до 15:00. 
Евентуални приговори ќе може да се поднесат он-лајн до понеделник до 15:00. 
Дипломи, признанија и пофалби ќе бидат подготвени и предадени за време на државниот натпревар.
 
 

Дополнителни информации

 

Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишни резултати

 

Училиште Град Дополнителни места (b=)
ПСУ „Јахја Кемал“ -Автокоманда Скопје 5
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово 2
ПСУ „Јахја Кемал“ - Бутел Скопје 2
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски - Корчагин“ Скопје 2
СОУ „Св.Кирил и Методиј“ Неготино 1
СОУ „Јане Сандански“ Струмица 2
Гимназија „Алгоритам“ Скопје 3
СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола 1
ПСУ „Петта приватна гимназија“ Скопје 1
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп 1
ПСУ „Американска Гимназија Нова“ Скопје 1
ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово 1
ПСУ „Јахја Кемал“ Гостивар 1
ПСУ „Јахја Кемал“ Струмица 1
СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ Штип 1
ООУ „Видое Подгорец“ Струмица 1
ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово 2
ООУ „11 Октомври“ Скопје 1
ООУ „Кочо Рацин“ Куманово 1
ОУ „Лазо Ангеловски“ Скопје 1