XVII Регионален натпревар 21.03.2009

Почитувани натпреварувачи,

РЕГИОНАЛНИОТ натпревар и оваа година ќе се одвива електронски. Заради тоа, потребно е следното:

На 21март 2009 год., Вие треба да си обезбедите „работно место“ во периодот од 9:45 часот до 13:30 часот. Значи, треба да имате компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работите и кој има пристап до интернет. Доколку е тоа потребно, организирајте се со вашиот ментор да ви овозможи учество на регионалниот натпревар од вашето училиште. Можете да се натпреварувате и од дома.

Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари. Вие треба да се најавите со вашиот идентификационен број (исто како за електронските натпревари), да ги преземете задачите и да ги пратите решенијата во изворен код (.pas, .c или .cpp), а НЕ извршните верзии (exe)

Се очекува резултатите да бидат објавени најдоцна 4 часа по завршувањето на натпреварот.

Доколку имате забелешки на резултатите, може вашите приговори преку вашите ментори да ги доставите во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде мислите дека има проблем на адреса natprevarATgmail.com.

Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 7 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и како и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.

Во текот на натпреварот ќе може да поставувате прашања во врска со задачите, преку прозорецот за комуникација.

Значајни ПРАВИЛА:

 

Ви посакуваме успех на натпреварот!

 Скопје, 10.03.2009

 Миле Јованов
Комисија за натпревари 2009

 

Последни упатства за натпреварот:

 

Резултатите од натпреварот треба да го отсликуваат Вашето знаење. Затоа решенијата кои ќе ги предадете нека бидат ваши. На државниот натпревар ќе се пласираат само учениците за кои ќе бидеме сигурни дека доставиле нивно решение на задачата.

Ви посакуваме успех на натпреварот!

 Скопје, 17.03.2009

Миле Јованов
Комисија за натпревари 2009

 

Tест примери за натпреварот 

Конечни резултати од регионален натпревар 2009

Поканети учесници на државен натпревар 2009